Извонредниот Delpozo е шпански моден бренд, чии колекции од сезона во сезона не воодушевуваат. Големата креативност и убавината на дизајнот, ги одушеви сите во модниот свет. Оригиналниот сопственик на овој бренд е дизајнерот Jesús del Pozo, починат во 2011 година, а потоа модната куќа го превзема името Delpozo и го поставува Josep Font како креативен директор.
Нивната нова колкеција, едноставно не остави без здив, Josep Font успеа да го модернизира обичниот коктел фустан и дневната облека и од нив да направи chic изглед.
За сезоната есен/зима 2016 год. креираше колекција комбинирајќи разни облици, украсни цветни детали и огромни ракави, а колекцијата ја красат парчиња како што се украсени ракавици, вечерни и дневни фустани, комбинезони и уште поголеми капути кои секако внесуваат забава во модниот живот!