Yasemin Erdin e уметница која работи со деца повеќе од 5 години на креативноста и уметноста. Таа мисли дека уметноста е првиот темел на детската креативност, затоа постојано ја нагласува важноста на уметноста од најрано доба. Најдобар начин како да се потикне детската креативност е сакањето, да се почитува и даде важност на детскиот цртеж, кои самите ќе го нацртаат.
Така настана и идејата, детскиот цртеж да се претвори во накит, односно безвременска уметност и драгоцен спомен кој е вреден за чување и потсетување. По средбата со вајарката со златарско искуство Özgür Karavit, почна соработката за изработка на совршен накит, исклучиво по детскиот цртеж. Нивниот проект има за цел да им покаже на децата дека нивната уметност е подеднакво вредна и единствена како уметноста на постарите.