Редизајнот на старото 100 годишно училиште во Newport, вклучи 13 станови со историјски карактер. Во дизајнот вклучени се бројни елементи од архитектонски интерес, вклучувајќи ги дрвениот под, изложените дрвени и метални греди, како и изложените цигли кои придонесуваат за природниот шармантен карактер на просторот.
Бидејќи плажата се наоѓа во близина на станбениот компелкс, атмосферата од плажата е пренесена во ентериерот, па така имаме прилика да видиме украси како што се морските sвезди и едрилици на полиците во дневната соба, додека во купатилото има фотографија со море и песок.