ОВЕН
Работа – Оваа недела е иделна за вас, направете и забележите ги на лист хартија новите одлуки, кои се однесуваат на деловниот план – само напред!
Љубов – Се поставува прашањето, колку долго ќе издржите со вашата одлука да ги криете емоциите од личноста која ви се допаѓа. Подобро отворете се, таа го очекува тоа од вас.
Здравје – Добро се чувствувате.
БИК
Работа – На деловен план засега се оди како што треба и вие се чувствувате горди , но и соработниците кои ви помогнаа на проектот. Гледајте да им се одолжите, мал знак на внимание, значи многу.
Љубов – Без разлика што времено сте разделени, вие не престанувате да мислите еден за друг. За вас не постои друга личност од таа – посебна.
Здравје – Можна главоболка.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Време е да почнете нешто ново, ова што сега го работите ви стана премногу досадно, а не ви носи доволно приходи – немате причина да останете тука каде што сте.
Љубов – Вашата љубов веќе подолг период е во полна сила, потрудете се во таа состојба да останете.
Здравје – Одлично се чувствувате.
РАК
Работа – Сакате повеќе од кариерата, но немате сила да се борите со новите предизвици. Ризикувајте. Кој не ризикува тој не добива. Ако се прашувате зошто нови предизвици, запомнете дека сето тоа е дел од животот.
Љубов – Оваа недела во љубовта ве очекаат некои недоразбирања кои со разговор во четри очи, можат лесно да се решат.
Здравје – Болка во коленото.
ЛАВ
Работа – Малку се одмаравте, но сега продолжувате. Доаѓа вашето време кога ќе можете да ги покажете сите ваши квалитети и потенцијали кои ги поседувате.
Љубов – Трпението е единствентен пат со кој ќе го добиете тоа што го сакате од личноста која ја обожувате.
Здравје – Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа – Имате чувство дека сите обврски што ги имате ревносно ги извршувате, но не уживате во работата. Гледајте тоа да го промените, бидејќи така не се доаѓа до резултати.
Љубов – Во љубовта добро ви оди, но вие премногу и се предавате, тоа ве исцрпува и ве заморува.
Здравје – Можна несоница.
ВАГА
Работа – Што не морате да направите денес, подобро оставете го за утре. Работата не смее да трпи заради вашето лошо расположение и расчекорот помеѓу деловното и приватното.
Љубов – Дружење и добра забава е единствено што ви треба овие денови, барем за миг да заборавите на проблемите.
Здарвје – Недоостаток на сон и замор.
ШКОРПИЈА
Работа – Вашата финансиска ситуација полека се стабилизира и време е да направите подобар финансиски план, за да не се случи да ги потрошите парите пред да ги вложите.
Љубов – Доколку сте сами, очекувајте да запознаете интересна личност оваа недела, таа ќе одговара на вашиот сензибилитет.
Здравје – Добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Оваа недела ве очекуваат мали проблеми со претпоставените и колегите. Намалете го егото, не значи дека секогаш вие сте во право, кога работата е во прашање.
Љубов – Оваа недела заведувачки сте расположени, само флертот ви е на ум. Сакате врски без оврски.
Здравје – Добро ви е здравјето.
ЈАРЕЦ
Работа – Ги решивте финансиските проблеми и сега ве очекува период на стабилизација и просперитет. Знаете точно како и што треба да работите и кому да му се јавите за совет.
Љубов – Подршката од една Девица многу ќе ви значи, а вие со иста мера и возвраќате, па затоа добро ви оди.
ВОДОЛИЈА
Работа – Креативни, но и мрзливи сте оваа недела. Морате да имате добра причина за да ги искористите сите потенцијали. Не ги запоставувајте дадените прилики.
Љубов – Емоциите повторно ве надвладеаја и вие не знаете што да правите.
Здравје – Одлично.
РИБИ
Работа – Вашата деловна идеја ќе ги одушеви сите колеги. Добро ви оди оваа недела на деловен план, а на вашето лице може да се види само задоволство.
Љубов – Со личност од минатото ги загревате страстите, но не знаете како тоа ќе функционира. За сега, сте исполнети.
Здравје – Добро се чувствувате.