Заборавете на скапите препарати на кои рокот на употреба им истекува побрзо отколку што можете да ги потрошите. Ви советуваме да ги употребите следниве два ефикасни препарати за да ја одржувате вашата облека, обувки и кожени модни аксесоари да изгледаат како нови.
1.Вазелинот е одличен за одржување на вашата кожена облека и обувки. Неговата редовна употреба ќе ви овозможи вашата гардероба и кожни обувки да ви изгледаат како нови. Најпрвин избришете го саканото парче кожа со мокра крпа, потоа нанестет тенок слој на вазелин, за на крајот да го избришете со сува крпа.
2.Регенаратор за коса. Повеќето од регенераторите за коса содржат восок, и затоа е убаво да го употребувате за заштита на вашето омилено парче на кожена облека или обувки.