Oвој стан во Синагапур, инспириран од “pop & street art” е наменет за млада девојка. Станува збор за проект кој успешно ги интегрира збирката на играчки, уметноста и откачените објекти.
Замислувајќи го целиот простор кака улица, тимот на дизајнери во просторот внел скромни материјали – како бетон, цемент, цигла и др. и сите заедно ја прават приказната.
Уличната светилка претставува каприциозен допир на ‘al-fresco caffe’ во трпезаријата, а графичките примероци на тепихот над каучот, потсетуваат на колаж од керамички плочки на под. Графиките на британскиот уметник Eelus му додаваат на ентериерот светли поп нијанси, кои овој простор го прават толку топол и забавен.