Актерката Лив Тајлер неодамна ја претстави соработката со британскиот бренд Belstaff. Станува збор за колекција на облека и обувки креирани од шармантната Лив. Колекцијата се состои од практични есенски и зимски парчиња како јакни, чизми на врзување, елегантни блузи и слично. Освен колекцијата, снимено е и кратко видео во кое Лив се појавува како Амелија Ерхарт, првата жена-пилот која летала над Атлантскиот Океан и една од првите жени кои носеле модели од Belstaff.