Преку ден, водата од водопадот Хавасу во Аризона има сино-зелена боја. На оваа фотографија, чиј автор е Џес Стокхаузен, водата е осветлена од ламбата на еден кампер и добива прекрасна бело-сина боја. „Жуборењето на водопадите се слуша и дење и ноќе кога кампуваш. Со еден пријател отидовме навечер за да ги гледаме ѕвездите и бевме изненадени од темнината на кањонот. Фотографијата ја направив со помош на две челни ламби, едната поставена горе кај главата, а другата на земја”, објасни фотографот. Навистина магичен момент.