На остовот Малокаи кој се наоѓа на Хаваите во 1998 година е родена златната зебра по име Зои. Таа е единствена од таков редок вид на животни. Долго време се сметало дека Зои е албино зебра но научните испитувања го докажале спротивното. Всушност кај Зои е дијагностициран “амеланизам”, што значи целосно одсуство на меланин. Таа не смее да се изложува на сончеви зраци , и во моментов е сместена заедно со својата мајка во стационарот за заштита на животни “Ранчот три прстени”.
Погледнете ја!