Јавна соба и Капка ги отвораат вратите за сите заинтересирани дизајнери од Македонија и регионот да земат учество на првото издание на саемот за накит и модни додатоци ‘НАКИТ 2016’.
Настанот, кој ќе се одржи на 7,8 и 9. октомври 2016 во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба” ќе биде збогатен со дополнителни активности како предавања, презентации и работилници.
Право на учество имаат сите изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области кои го користат накитот како форма на уметност и средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни и свежи идеи.
Саемот има интернационален карактер и нема ограничување во однос на употреба на материјали, форма и концепт на парчињата кои ќе бидат изложени.
Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 15. септември. Саемот ќе се одржи на 7, 8 и 9. октомври.
Повеќе информации и форма за апликација на www.publicroom.org
Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 20. септември за учеството на саемот.
“НАКИТ 2016” е во организација на Јавна Соба и КАПКА.
За дополнителни информации обратете се на:
contact@publicroom.org или jana.acevska@kapka.mk