Многумина од нас, некои намирници автоматски ги редиме во фрижидерот иако не припаѓаат таму, затоа сега, припремете се за чистење на полиците внатре во фрижидерот – овие 5 намирници подобро е да се чуваат на собна температура.
Aвокадо
Ако го ставите во фрижидер, нема ја постигне кафената боја која благодарејќи на зраците ја добива. Држете го во хартиена вреќа.
Патлиџан
Било да го ставате во салата или од него правите сос за тестенини, патлиџанот има многу подобар вкус доколку го чувате на собна температура. Затоа ставете го во здела под прозор за природно да созрее.
Диња
Ова овошје со мирисот е голем крадец на просторот, затоа чувајте го во некоја остава. Кога ќе го исечете, сепак ставете го во пластична кутија.
ЛУК
На лукот му одговара сув, вентилиран простор, подалеку од другите намирници кои би можеле да го апсорбираат неговиот мирис. Чувајте го на темно место.
ЛЕБ
Ако чувате леб во фрижидер, имаме лоши вести за вас – лебот побрзо ќе се расипе во фрижидерот. Држете го во затворена кутија, на темно и суво место.