Нема ништо поубаво од лежење на плажа и читање книга, со вкусни лепчиња и омилен пијалок. Имајќи во предвид, дека најчесто остануваме на плажа по цел ден, сепак не сакаме во нашето тело да внесуваме непотребни калории и нездрава храна.
Денес ви предлагаме 5 здрави оброци кои можете да ги земете со себе на плажа, како добра алтернатива кои ќе го задоволат вашиот апетит и желудник!
1. СИРЕЊЕ СО КРЕКЕРИ
Оваа класична комбинација ќе ги задоволи вашите желби и потреби, а немасното сирење, ќе ви ја даде потребната количина на протеини за сите активности на плажа, а при тоа со часови нема да почувствувате глад.
2. ХУМУС СО ЗЕЛЕНЧУК
Хумусот и сецканиот зеленчук, се одлична замена за чипс со крем. Морковот или целерот се иделна комбинација со хумусот. Ако не ви е доста тој зеленчук, секогаш можете да земете крекери, пецива или солени переци.
3. ОРЕВЕСТИ ПЛОДОВИ
Направете сопствен микс на омилените оревести плодови и ставете ги во кесичка која секогаш можете да ја ставите во торбата. Доколку не сте фан на бадемите, лешниците , кикириките и останатите плодови, пуканките се добра опција.
4. ОВОШНА САЛАТА
Поголемиот дел од нас, секогаш со себе го носи омиленото овошје на плажа. Следниот пат, направете овошна салата во некоја пластична кутија и земете ја со вас, така да во секој момент ќе ви биде при рака спремно за крицкање. Совет плус – исецканите коцки од овошјето, можете и порано да ги замрзнете, па полузамрзнати земете ги со вас – овошјето подолго време ќе биде ладно, истовремено ќе ја задоволите и желбата за сладолед.
5. ВОДА СО ВКУС НА ОВОШЈЕ
Ако не сакате да пиете минерална вода или газирани овошни пијалоци, тогаш вода со вкус на овошје е иделна за вас. Исецкајте од своето омилено овошје и ставете го во шишето со вода. Одличен пијалок за на плажа, а вашето тело цел ден ќе биде хидратизирано.