Ова лето видовме низ на фантастични дизајнирани пијалоци, со цел да помогнат и се победат жештините, но и да се задоволат барањата на најизбирливите. Најновита комбинација е најнеочекувана – мешавина на два освежителни пијалока: ледено кафе и лимонада.
Овој бизарен пијалок стана славен во Williamsburg, њујоршки дел, познат по одличните кафулиња и улични ресторани.
За да го направите овој пијалок дома, се што ви треба е – една лажица лимонов сируп, една лажица сируп од ванила, 2 децилитри ладно кафе и 50 милилитри бадемово млеко.
Комбинирајте ги состојките во коктел шејкер со лед и добро протресете! На здравје!