Лили дизајн студиото, неодамна заврши со новиот проект, уредувајќи го ентериерот на лондонскиот стан од 70-години на минатиот век. Просторот нудел голем потенцијал а новите сопственици, млад вработен пар, сакале да се задржи духот на 70-тите, да се вклучи во модерниот стан.
Просторите на сите спратови биле тесни и темни, затоа било потребно да се редефинира целиот изглед. Современите стакла и челичните скали, како и големото купатило со препознатлив изглед, се едни од двата елементи побарани од страна на клиентот.
Мебелот вклучува металик посуди и маса, портокалов кауч, жолта Hans Wegner Papa Bear фотеља и големиот црно-бел тепих со цик цак шарата.
Расположението драматично се менува на горниот спрат, кој дише со чувство на мир. Палетата на бои ги вклучува меката крем, жолта и бледо сина со клучен нагласок на мебелот во црна боја. Кружната маса, двете столици во трпезаријата, црниот лустер над масата и уметничките дела помагаат да се дефинира трпезаријата.