Veglia Palace е името на прекрасната вила на островот Крк во Хрватска, која наскоро ќе биде реновирана и ќе добие нов, модерен лик. Сместена во мало, шарматно место за одмор, оваа летна куќа дише во духот на морето. Изградена е во австро-унгарски стил на архитектура со многубројни историски елементи. Зад претстојната реконструкција се потпишуваат Lotus Architecti кои направија одличен проект. Куќата има пет спални со пет посебни бањи и неповторлив поглед на морето. Интересен елемент е трпезариската маса во форма на бродче како централен дел на просторот за јадење. Уште нешто што ја издвојува оваа куќа е тоа што во неа се наоѓа реставрираниот автомобил Мерцедес кабриолет од 80-те години, сличен на оној што го возеше Ричард Гир во филмот „Американски жиголо”, а кој ќе им биде на располагање на сите гости- посетители на оваа прекрасна вила.