Што се прашуваат хотелиерите и архитектите кога се впуштаат во нови проекти? Дали хотелот ќе изгледа совршено на Инстаграм или фб?
Сигурно тоа прашање го имал на ум Daniel Charbonnier, хотелиерски специјалист кој заедно со концептуалните уметници Franko и Patrik Riklin го создадоа Null Stern Hotel – хотел со еден кревет сместен на врвот на швајцарските Алпи.
Заинтересираните гости можат да резервираат еднокреветна соба која доаѓа опремена со лампа и ноќно орманче. И додека најблиското купатило е на 10 минити пешачење од креветот, личниот батлер кој доаѓа како пакет, ќе ви биде повеќе од потребен.
2000 метри над морската височина, собата се наоѓа на потполно отворен простор, нема sидови, ниту базен, теретана или хотелски бар. Цената на ноќевање за една ноќ чини 250 долари, ќе доживеете незаборавно sвездено небо, какво што дотогаш немате видено!