Уметникот Роб Гонсалвес од Канада е претставник на сликарскиот правец „магичен реализам”. Тој, освен што црта корици за книги, создава и прекрасни слики на кои главно се претставени интересни оптички илузии. Сликите си играат со нашата перцепција за стварноста и изгледаат како да се од некој паралелен свет, помеѓу сонот и реалноста. За своите дела уметникот вели дека имаат за цел да го прикажат стремежот на човекот да верува во невозможни нешта.