Уметницата Сара Колет Вотсон која твори во нејзината продавница Lighting by Sara е автор на овие интересни столни ламбички. Изработени се од дрво, во различни форми- во облик на планина, ракета, куќичка и слично, со декоративни геометриски детали. Идеални се за оние кои сакаат уникатен декор во домот, а особено се интересни за во собите на најмладите членови на семејството. Погледнете како изгледаат.