Првиот петок од Август е Светски ден на пивото! Пивото е најпознат светски алкохолен пијалок и трет најконзумиран пијалок после водата и чајот, што ни дава идеја за тоа колку луѓето сакаат пиво. Но дали сте знаеле дека:
- Пивото е и всушност најстариот подготвуван пијалок, кој датира од неолитот или 9500 години п.н.е.
- Амстердам ги плаќа алкохоличарите со пиво. За чистење на градските улици локалните алкохоличари добиваат 10 евра, половина пакетче тутун и 5 пива како надомест од владина организација.
- Најсилното пиво на светот е Brewmeister’s Snake Venom. Додека обичното пиво содржи околу 5% ABV, овој шкотски убиец има изненадувачки 67.5% ABV (alcohol by volume).
– Во 1814 скоро 400.000 галони (или 1514 кубни метри) пиво поплавиле неколку улици во Лондон откако огромна цистерна била оштетена во St. Giles.
- Пивото е навистина здраво! Според Американскиот Дневник за Епидемиологија, конзумирањето на едно шише пиво дневно го намалува ризикот за бубрежни камења за дури 40%. Освен тоа, пивото ги зацврстува коските со тоа што содржи големи количини на силикон кој ги складира калциумот и минералите во коскеното ткиво.
- За пивото и неговата подготовка има цела наука наречена зитологија (цитологија) со потекло од грчкиот збор за пиво – zythos.
- Земјата во која најмногу се конзумира пивото и тоа по импресивни 151 литар по жител е, логично, Република Чешка.
- Најскапото пиво е белгиското “Vielle Bon Secours“, од кое едно шише чини околу 1000 американски долари. Белгија исто така има и најразновидна понуда на пива од светските 400 видови пиво кои постојат.
- Пивото дури било и она што е Беатриче на Данте Алигиери за старите Викинзи. Тие верувале дека во нивниот рај, наречен Валхала, постои коза која дава неограничени количини пиво.
- Старите Вавилонци биле толку сериозни околу подготовката на пивото што ако некој лошо си ја завршил својата работа низ процесот на подготовка, истиот морало да биде удавен за казна.
- Најголемиот фестивал на пивото е Октоберфест во Минхен, Германија. Овој 16 дневен фестивал со почеток од доцен септември до првиот викенд во октомври го полни Минхен со 6 милиони посетители од целиот свет.
- Пената на вашето пиво е всушност од голема важност. Таа е формирана од комплексна реакција со јаглерод диоксид и може да каже многу за квалитетот на пивото. Ако нема пена тоа значи дека вашето пиво има “блунтав“, тежок вкус.
- Во било кој момент 0.7 од светската популација е пијана, што значи дека 50 милиони луѓе ширум светот се под дејство на алкохол, а тој алкохол има големи шанси да е токму пивото.
- Ценосиликафобија (Cenosillicaphobia) е страв од празна чаша. Реална фобија, зарем не?
- Пивото играло важна улога во откривањето на кислородот како гас од Џосеф Присли. Тој видел меурчиња како излегуваат од тубите пиво во некоја пивара и замолил да направи неколку експерименти.
- На почетокот на Баварската Пивска Недела во Германија традиционално се пушта градска фонтана од која тече пиво.
- Месечината има кратер кој е наречен Beer (анг: пиво).
- Најбизарното за крај, во 1980те коза што пие пиво била избрана за градоначалник на Lajitas, Тексас.Уживајте во викендот и прославете со едно пиво. На здравје!