Одри Хепбурн вели дека се што научила го научила од филмовите. Па тогаш да ги следиме стапките на светски познатата филмска дама и да се внесеме во светот на шесттата уметност.
- Magnolia
Драма од 1999, прекрасен мозаик од ликови кои бараат љубов, прошка и животно значење во Долината на Сан Фернандо. - Superbad
Една од поневообичаените комедии која инволвира два тинејџери чиј план за типична средношколска забава оди во сосема погрешен правец. Всушност, во два правца.
- I origins
Истражувач од полето на молекуларната биологија и неговиот лабораториски помошник откриваат докази што можат фундаментално да го сменат денешното општество. - Cash back
Инсомничарот Бен за да го искористи времето почнува да работи ноќна смена во супермаркет, каде што доаѓа до израз неговата бујна артистичка имагинација. - Closer
Односите помеѓу два пара стануваат комплицирани кога мажот од едниот пар ќе ја запознае жената од другиот. - The Diving Bell and the Butterfly (Le Scaphendre et la Papillon)
Вистинска приказна на вработен во Elle Magazine кој останува скоро парализиран, со исклучок на левото око. - Enter the Void
Американски дилер на дрога кој живее во Токио е издаден од својот најдобар другар и е убиен во една зделка за наркотици. Неговата душа ги разгледува последиците од неговата смрт и бара спасение. - Midnight in Paris
Додека е во Париз, носталгичен сценограф мистериозно патува во 1920те секоја ноќ во полноќ. - Oh Brother, Where Art Thou?
За време на 1930те во длабокиот југ, тројца осуденици бегаат и бараат скриено богатство додека неуморно ги прогонува еден правник. - Once
Модерен мјузикл за еден уличен изведувач и имигрантка и нивната интересна недела во Даблин додека пишуваат, вежбаат, изведуваат и снимаат песни кои ја раскажуваат нивната љубов. - Punch Drunk Love
Псхиолошки нестабилен снабдувач на нешта од мала важност (novelty supplier) се впушта во романса со Британка, сето тоа додека е принуден да работи во phone-sex линија водена од изопачен продавач на душеци, и купувајќи неверојатни количини пудинг. - The Big Lebowski
„The dude“ Лебовски бара надомест за уништениот тепих и ги одредува другарите за куглање како луѓе кои ќе му помогнат. - The Perks of Being a Wallflower
Интровертен бруцош е земен под закрила на два матуранти кои му го покажуваат вистинскиот свет. - Edward Scissorhands
Безвремената и навидум проста приказна за нежен човек со ножици наместо раце кој после години изолација почнува да живее во организирано општество. - The Associate
Приказна за како да се успее во Вол Стрит, а воедно и филм кој ги руши предрасудите и рацизмот на уметнички начин.