Овој еклектичен дом во Sao Jose do Rio Pretо во Бразил, го дизајнираше тимот од Пилони кој фантастично ги споил, неспоивите парчиња на мебел. Всушност, тој еклектичен стил ја дефинира дневната соба, односно просторијата за дружење, исполнета со сиви бои и природна светлина. По долгиот ходник, следи кујната и трпезаријата кои ги краси кујнскиот остров, калиевата печка и масата за 8 луѓе.
Секоја соба има свој личен стил и сите гледаат на улица. Комотниот и пријатен ентериер е комбиниран од vintage и модерни елементи, па така во дневниот простор модуларната софа го завзема главното место. Оригиналните столици, го создаваат препознатливиот еклектичен микс на стилови, било каде да се наоѓате во домот.