Ви прикажуваме неколку модели од модната колекција есен/зима 2016. на Gucci!
Портокалова плетена блуза, со ренесансни волнени /мерино/ карнери, околу вратот и кратките ракави. Здолништето волнено со детали од превртена кожа и метални копчиња.
Црвена волнена пелерина со детали од волнени карнери…
Стреч вискоза жерсе, црвено/црн фустан со аплицирано ланче со медаљон од кристали плишани детали и бисери.
Волнен розе/зелен фустан, од стреч мерино волна со 4 бисерни ланчиња.
Kарипско зелен креп фустан со 3/4 ракави.
Микс на материјали – Плишан црн фустан, ракави од тул, детали од тантела и свилена розе машна.