Неодамна, на платформата Kickstarter беше претставен нов прототип на велосипед од иднината. Cyclotron е комбинација од модерен дизајн и најнова технологија. Направен е од карбон, а има можност да се претвори во „електричен” велосипед. Осветлен е со ЛЕД светилки кои работат на батерии, непрекинато до осум часа. Велосипедот може да се поврзе со смарт-телефон преку апликација, што овозможува контрола на движењето, мерење на брзината при тренинг и сл. За реализирање на концептот се потребни 50 000 евра, а досега на Kickstarter се собрани скоро двојно повеќе. Да се надеваме дека овој револуционерен велосипед набрзо ќе стане реалност.