Популарниот шведски моден бренд H&M веќе е спремен за преодните месеци помеѓу летото и зимата и пријатно не изненади со новиот тренд нарчен ‘Feminine Novelty’.
Моделот Laura Julie во новиот каталог покажува како да се комбинираат лесните слоеви за да постигнете совршен предсезонски изглед.
Од тексас комбинезон па се до бомбер јакна и совршени бели кошули, овие парчиња се must-have кои ги сакаме во својата есенска колекција. Во комбинација со омилената торбичка и патики, есента никогаш не изгледала толку комотно и шик!