Денес постојат безброј производи и брендови кои се борат на пазарот за свое место и како побрзо да дојдат во рацете на купувачот. Самото пакување стана подеднакво важно, ако не и поважно од самиот производ – иако таа идеја не ни се допаѓа, признајте – благодарејќи на визуелната привлечност, колку пати сте купиле некоја работа? Купуваме неброено пати а веројатно и секојдневно.
Од феноменално пакување на колачи за рерна во картонски кутии, парфем со дизајн на камен, детски витамини во забавни китии, Сони слушалки…пакување од 23 бадеми, дневна количина која ми е потребна на вашиот организам…
Кога ќе ве привлече пакувањето, знаете дека зад самиот производ стои добар тим на луѓе и низ на креативни идеи, кои создале совршен маркетиншки производ. Понекогаш, тоа не потсетува на купување “книга според кориците”.