Овен
Работа – Оваа недела ве очекуваат убави и нови моменти на деловен план, иако колегите сметаат дека не сте спремни за додатна работа. Докажете им дека грешат. Ќе ги добиете информациите кои ви недостасуваа.
Љубов – Слободните овнови можат да очекуваат возбудливо познанство со личност на која сексуалниот живот и многу важен, како и на вас.
Здравје – Лоша венска циркулација.
БИК
Работа – Вие припаѓате во категоријата на личности кои поседуваат неверојатна енергија и харизма. Искористете го тоа да ја кренете атмосферата на работа.
Љубов – Тешко ви е да се отворите пред саканата личност. Не заборавајте дека тоа само ќе го подобри вашиот однос и доверба.
Здравје – Ве мачат многу грижи. Најдете начин да се релаксирате.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Ги имате сите шанси да го исполните големиот успех. Каков е погледот од врвот?
Љубов – Вие лесно се заљубувате и сте авантуриста. Таква ви е природата. Ви се чини дека никако не можете да најдете вистинската личност за вас. Обидете се со личност родена во знакот на Рак.
Здравје – Чести промени на расположението.
РАК
Работа – Премногу време трошите на работа па многу малку ви останува за вас.
Љубов – Можете да очекувате нова љубов. Ви советуваме да размислите за врска со Вага или Девица.
Здравје – Стрес и нервоза.
ЛАВ
Работа – Имате чувство дека претпоставените премногу ве форсираат, а се плашите да им кажете дека тоа ви пречи. На крај може да доведе до насобран стрес и замор.
Љубов – Уживајте во секој момент. Уживајте во љубовта, без ралика дали е кратка и небитна.
Здравје – Проверете го крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа – Имате премногу работа, ама и на тоа му се гледа крајот. Ве очекува лесен и пријатен период на работа.
Љубов – Копнеете по љубов, но имате чувство дека тој сегмент од животот ви стагнира. Не грижете се, љубовта се случува тогаш кога најмалку ја очекувате.
Здравје – Можна е главоболка.
ВАГА
Работа – Имате големо самопочитување, но умеете да претерате со докажувањето.
Љубов – Преголеми барања, а партнерот мисли дека ништо нема да може да ви исполни.
Здравје – Воведете некоја физичка активост во вашиот живот.
ШКОРПИЈА
Работа – Идеите претворете ги во дело. Не чекајте подобро време. Времето е секогаш тука.
Љубов – Настапувате студено и резервирано пред партнерот, без никаква посебна причина.
Здравје – Посетете го стоматологот.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Ова е одлична недела за потпишување договор со странство или за работа во странство.
Љубов – Се чувствувате осамени. Не грижете се, ви следи многу возбудлив период во животот.
Здравје – Болки во зглобовите.
ЈАРЕЦ
Работа – Премногу обврски сте земале на свој грб, па затоа се чувствувате како ништо да не можете да завршите. Време е да ги поделите задачите.
Љубов – Понекогаш сте премногу студени, па не гледате колку партнерот ве сака. Избегнувајте такво однесување, бидејќи на тој начин може да ја одалечите саканата личност.
Здравје – Зајакнете го имунитетот.
ВОДОЛИЈА
Работа – Ве очекува значаен приход. Внимавајте како ќе го потрошите.
Љубов – Ве очекува возбудлива ноќ со партнерот. Најдете најидеален начин да го изненадите.
Здравје – Ви пречи високата температура на воздухот. Престојувајте на постудено место и земајте повеќе вода.
РИБИ
Работа – Вие сте многу вредна и работлива личност. Меѓутоа другите тоа го користат, додавајќи ви се поголеми работни обврски. Не го дозволувајте тоа.
Љубов – Полни сте со љубов и внимание. Саканата личност е среќна што ве има.
Здравје – Проверете го крвниот притисок.