Stephen Voss е главниот виновник за овој разновиден фотографски серијал на преубавите бонсаи дрва. Во рок од две години тој ја документира преку фотографските леќи убавината и разновидноста на преубавите бонсаи насекаде во светот. Деталните фотографии ја претставуваат големата комплексност во структурата на малите дрва. Повеќе фотографски серии можат да се најдат во книгата именувана: In Training.