Yaroslav Galant во соработка со дизајнерката на ентриери Ilonа Galant креираа феноменален “Nice Way Hostel Porto” во северена Португалија. Хостелот вклучува 32 соби кои се сместени на трите спрата. Влијанието на трите важни аспекти го создаде темелот за дизајнот: удобноста, мултифункционалноста и космополитскиот поглед на свет. Благодарејќи на отворениот тлоцрт, животниот простор ги обедини рецепцијата, барот, кујната и трпезаријата. Тука се работните и lounge зони каде гостите можат да се запознаат помеѓу себе.
Големиот број на бои и текстури допринесува за силната динамика. Младите луѓе кои патуваат и претсојуваат во овој хостел, имаат се што им е потребно за одмор во пријатна атмосфера и истенчен смисол за стил.