Летечките автомобили се сеуште еден вид на фантазија за сите нас и гледаме на нив како еден вид на луксузни играчки. Словачката компанија “Aeromobil” направи експериментален прототип на летечки автомобил кој во иднина ќе мора да се сертифицира како автомобил но и како летало за да може да се употребува.
За прв пат овој летечки автомобил беше презентиран оваа година во Брисел, а интересен факт беше откриен дека веќе во 2017 година ќе бидат произведенипрвите вакви комерцијални возила. Сите прототипи на ова возило во мометов се со две седишта, но од компанијата уверуваат дека тоа може д се промени во низата на иновации. Дизајнерите кои работат во компанијата вече работат на подобрување на функциите и дизајнот на возилото.
Сите што сакаат да го видат “Aeromobil 3.0” може да ја посетат зградата Justus Liptius во Брисел до 1 август.