Серијата фотографии насловена како “Sign of Language” е дело на талентираната фотографка Марго Волтер. На фотографиите се прикажани секојдневни ситуации, главно како комбинација од делови од мебел од Икеа, мебел кој е сеприсутен во модерното живеење, со исти дезени и шари на облека која ја носат моделите. Без употреба на Фотошоп, авторката создава интересни шарени композиции, полни боја, кои се „претопуваат” во позадината.