Популарниот социјален медиум Пинтерест, е нашироко ценет авторитет на разни теми. Неодамна Пинтерест со помош на многу идеи, создаде свој сопствен дигитален дом од соништата за 2016 година – класично американски и впечатлив.
Резултатот е фантастичен – стилот лесно се провлекува од една во друга соба и создава добитна формула. Високи столбови, еклектични декорации, ладна палета на бои, користенење на зеленило, извонредна расвета како и нагласени парчиња на мебел.
Дом во винтиџ стил, со наизглед неспоиви додатоци за кујната и купатилото, додека дневната и спалната соба ги краси практичен и модерен изглед. Рустичниот древен под во кујната, создава контраст со атрактивно белите плакарчиња и заднината со циглите.
Конечно, плакарите под скалите, даваат изненадувачка нота што го дефинира најубавиот дом според Пинтерест за 2016 година.