Од најстарите времиња, рузмаринот се препорачува за подобра концентрација. На европските дворови кога се донесувале важни одлуки, секогаш вриел рузмарин во просторијата. Се препорачува за стари и за помлади, особено за студенти кога имаат испитни сесии.
Рузмаринот, лековито делува на подобар проток на крвта, добар е за лекување на слаба пробава и тромост на желудникот. Ја подобрува функцијата на црниот дроб и секреција на жолчната кеса, што пак ја подобрува состојбата на целиот организам.
За наведениве болести се прави и пие чај по 2 шољи на ден, од 1 чајна лажица суви, ситно исечкани листови и цветови од рузмарин за една шоља чај.
Маслото од рузмарин – делува на проширување на крвните садови, а со тоа и подобар проток на крвта.
Алкохолната тинктура служи за масажа на мускулите, невралгични болки, главоболки и душевна или телесна изнемоштеност
Алкохолната тинктура можете сами да ја направите ако 100 гр. сува билка прелиете со 1/2 л. разреден 70% алкохол и мешавината добро ја протресете.
Примена во народната медицина
Ако рузмаринот се вари со козјо млеко и секојдневно се пие, тоа е лек против туберкулоза, а употребуван надворешно како обло гсе применува против рак на кожа.
Кај слабиот вид – се подготвува чај од еднакви делови на цветови од рузмарин и камилица, една чајна лажица од таа мешаина за една шоља чаен попарок, па кога малку ќе се олади, ставајте облоги на очите.