Како до свое сопствено, совршено, кампинг искуство, во кое ќе уживате!
1. Потребна ви е површина со трева или која имитира трева.
Ако немате двор со зелена трева, набавете ја вештачката, која ќе изгледа свежо и зелено – трае 20 години, дождот не и пречи, а можете да ја чистите со правосмукалка. Само добро израмнете ја, да изгледа убаво и уредно.
2. Одберете го вистинскиот шатор.
Немојте да купувате шатор за кампување. Шаторот мора да изгледа шик – широк и висок, луксузен и комотен. Ако сте доволно вешти, можете и самите да го направите. Потребно ви е неколку метри водоотпорна ткаенина и цврста база.
3. Направете ја внатрешноста на шаторот исклучително пријатна!
Нафрлете повеќе јастучиња, меки прекривки, свеќи и декорации – сето тоа ќе го направи вашиот шатор летен дом, без разлика што сте само неколку метри одалечени од вистинскиот дом.
Уживајте!