Уметникот позади овие фотографии Patrick Monatsberger за себе вели дека е подготвен да го прошета целиот свет за да ги фотографира сите убави моменти со својот апарат.
Фотографиите пред сè ја покажуваат прекрасната природа на Германија, а потоа, неизбежниот дел, бајковитите замоци.
Највпечатлива е фотографијата која го носи насловот The King односно кралот, каде што фотографот дошол навистина блиску до животното.
Доколку Ви се допаѓаат фотографиите можете да го заследите фотографот на Инстаграм.