Ако имате мала дневна соба, тоа не значи дека не можете во неа да се чувствувате слободно и релаксирано во секој момент,
Добрите идеи и креативноста, од малиот простор можат да направат место кое ќе биде извор на среќа и позитивна енергија.
Најдовме за вас неколку предлози и трикови со кои можете да постигнете ефект на проширување на просторот, така да квадратурата на вашиот простор ќе може да се види само на “папир”, другите нема ни да ја забележат.
Нема ништо поубаво од дневната светлина која го освежува просторот и го поправа расположението. Не употебувајте тешки и темни завеси.
Верувале или не, но мебел со ногарки е генијален начин да се создаде чувство на пространост. Погледнете од фотографијата.
Големо огледало, има ист ефект како уште еден прозор. Ова е одличен начин да создадете илузија на пространост во собата, а посебно ако имате само еден мал прозор.
Комода за аголна гарнитура или софа во дневната соба – денес може многу лесно да се осмисли и направи, се шти ви е потребно е малку креативност. Ова е уште еден детаљ кој ке биде од корист во малиот простор, како по практичноста така и по изгледот.
Набавете интересен и практичен сандак на кој ќе можете да седите а во исто време да го користите за чување на ваши работи. Сем што изгледа убаво, ова парче мебел е исклучително практично а на него можат да ви позавидат и тие, на кои просторот во станот им претставува проблем.
Sидните полици се одличен начин да обезбедите повеќе простор и да го направите интересен. Ако изберете добра боја и комбинација на полиците, сигурно ќе споите убаво и корисно.
Помислете и на ова, за вашата дневна соба сами да смислите и нарачате маса со корисни полици. Во нив ќе можете да чувате многу ситници – битни и небитни, а во исто време да ја користите масата за уживање на кафе со своето семејство и пријателите.