ОВЕН
Работа – Не се чувствувате добро кога ќе помислите дека ве чека уште една работна недела а одморот не е ниту на видик. Еден колега има опасни намери, па морате да бидете внимателни. Иако ништо не ви се работи, не дозволувајте некој друг да ја искористи ситуацијата и да ја земе вашата позиција на работа.
Љубов – Со љубовта добро ви оди овие денови. Не размислувате многу, не се оптеретувате и затоа се си е на свое место, како што треба.
Љубов – Заљубени сте до уши, , тоа е некоја нова состојба за вас. Не знаете ни самите како да се однесувате и што да работите. Не ви помагаат ни советите од блиските.
Здравје – Несоница и гибиток на апетитот.
ВАГА
Работа – Оваа недела, деловните планови ги реализирате од рака. Не сте ни свесни колку сте успешни во тоа што го работите. Не знаете дали е тоа од позицијата на sвездите или до вашето знаење, но тоа се одразува и на вашата финансиска ситуација.
Љубов – На љубовен план, не ви цветаат рози. Малку сте депримирани и емотивно несредени, но подобра ситуација ве очекува кон крајот на неделата.
Здравје – Можна нервоза.
ШКОРПИЈА
Работа – Сакате што може побрзо, да завршите со работата. Стресот на работа стана честа појава и повеќе не знаете како со проблемите да се изборите. Финансиската состојба полека се подобрува.
Љубов – Ви недостасува подршката од партнерот, неопходна ви е. Се наоѓате во стресна ситуација. Не знаете кому да му се доверите и побарате помош, затоа што досега, овие работи му ги доверувавте само на партнерот.
Здравје – Нервоза и несоница.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Вашиот шеф има преголеми очекувања од вас, а вам, како ништо да не ви од рака оваа недела. Топлото време и долгите денови, никако не не ви одат на рака. Побарајте помош од колегите, можеби некој сигурно има решение.
Љубов – Во љубовниот однос, најпосле дојде до стабилизација и сега е време за уживање во двојка.
Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.
ЈАРЕЦ
Работа – Сметките се насобраа, а финансиите се и понатаму нестабилни. Не земајте кредити, туку гледајте да работите уште некоја дополнителна работа. Доволно сте способни за да излезете од криза.
Љубов – Заинтересирани сте за една личност, но немате самодоверба отворено да и пријдете.
Здравје…Ви недостасува сон.
ВОДОЛИЈА
Работа – Колегите постојано ви прават некои закачки, а вие се сомневате во нивните добри намери. Опуштете се, вашата позиција не можат да ја сменат. Вие сте ја граделе долго и никој нема да може лесно, да го сруши вашиот интегритет.
Љубов – Можни се кавги со партнерот оваа недела. Не влегувајте во големи расправии.
Здравје – Добро се чувствувате.
РИБИ
Работа – Повторно се ви оди од рака. Искористете ги сите привилегии на деловен план. Оваа недела ќе биде секако успешна, што ќе се види и на финансиското поле.
Љубов – Љубовта ви цвета како на првиот ден. Заљубени сте и среќни.
Здравје – Добро ќе се чувствувате оваа недела.