Дизајнерско и архитектонското студио Forni e Gueli Architetti, неодамна завршија со градба и опремување на повеќекатната, современа и прилагодена со природата – куќа, изградена од природни материјали на еден брег во Швајцарија. Користењето на изложените дрва во екстериерот и ентериерот, на целиот проект му дава неочекуван рустикален изглед.
Спојот на природните материјали кои го имитираат пејсажот во кој се наоѓа домот, е најдобар начин да создадете дом во кој секогаш ќе се чувствувате добро и мирно – во комбинација со природата.