Руската престолнина изгледа неверојатно фотографирана од страна на младиот Аlexandr Ermolitsky. По професија е програмер, но во душата е ентузијастичен авантурист.
Слободното време го посветува на патувања во најнепристапните краишта на Русија, недопрени од цивилизацијата. Патувањата не се лесни, но според него целиот вложен труд се исплати.
Наградуваниот фотограф се занимава со фотографија од 2007 – та година. Најпрво започнал со урбани пејзажи, а потоа предмет на негов интерес станала природата.
Оваа серија фотографии е од почетоците на неговата кариера.