Oвие неколку рецепти сигурно ќе ве развеселат – само уште да сме на плажа….Блендерот е вашиот најдобар пријател кога станува збор за овие коктели…
Гранитен рум!
Во блендер ставете лед, јагоди, лубеница, кокосово млеко и рум – а потоа слободно транспортирајте се на Карибите по првата голтка….Украсете го коктелот со кришки од лубеница или свежо исечени јаготки…
Замрзната кокос колада
Само 125 калории на пијалок…Колада микс, лед, кокосова павлака и свеж ананас, ништо полесно, ништо послатко. Совет плус, додадете малку кокосово брашно.
Тропско ледено вино!
Коктел направен од ананас, праска и 4 мали чашки Pinot Grigio!
Смрзната овошна Маргарита
На класичната Маргарита додадете ситен лед, јагоди, киви и пире од манго. Додадете и сламки, свежо исецкани лимети и многу малку сол.
Солен Slushie од лубеница
Овој вкусен солен slushie од лубеница е летен must-make. Со рум, лед и сол, парчиња лубеница и свежо исцеден сок лимета, овој коктел е совршен за гасење на жедта како и додаток на секоја летна скара.