Колекцијата фотографии на Don Freeman и текстот на архитектот Michael Gotkin ја формираат книгата со наслов ARTISTS’ HANDMADE HOUSES, односно Рачно направените куќи на уметниците.
Книгата е составена од 13 домови, секој од нив рачно направен од најдобрите уметници во Америка меѓу кои и George Nakashima, Henry Varnum Poor, Sam Maloof, Wharton Esherick и Russel Wright.
Градени се во временски период од 75 години, од доцниот 19 – ти век до средината на 20 – от век. Некои од нив ја заслужиле титулата Национално историско обележје, а некои од нив се отворени за јавноста. За жал, неколку паднале во рацете на други сопственици.
Домовите се уникатни, а личниот печат на уметникот се забележува насекаде во нив. Овие куќи се експресија на визијата и талентот на уметниците.