Дигиталниот уметник Али Еркурт од Турција осмисли интересна серија на постери во која со паметен спој на зборови, знаци и слики се прикажани насловите на некои од најпознатите филмови. На ваков креативен начин, насловите ни откриваат мал дел од содржината и суштината на филмот. Секој збор е составен на интересен, визуелен начин кој поттикнува на размислување за самиот филм. На пример, буквата Y во насловот “The Great Gatsby” изгледа како чаша за мартини. Насловот “Up” изгледа како балон, итн. Погледнете за што станува збор во продолжение.