Младиот поет Филип Димкоски е добитник на третата награда на Меѓународниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија. На ова 17 издание Димкоски е награден за циклусот песни „Небоглед до недоглед“. Тој на истиот фестивал настапи и во 2012 година кога ја понесе наградата за најталентиран млад учесник.
За наградите одлучи тричлено меѓународно жири, а на фестивалот учестуваа поети од Македонија, Србија, Бугарија и Република Српска.
Учесник од Македонија беше и поетот Никола Сарајлија кој имаше претсавување на своето творештво, за кое зборуваше неговиот македонски колега Иван Котев.
Инаку, ова е шесто меѓународно признание за Филип Димкоски, по едното принзание од Македонија, двете од Србија и двете од Бугарија. Досега објавил две поетски збирки. Втората неодамна беше објавена на срспки и промовирана во Србија.
Почетна Категории Македонски креативци Meѓународна награда во Бугарија за младиот поет Филип Димкоски