Време е за нов дел од серијалот на летни фризури кои можете да си ги направите сами. За денес одбравме една интересна пунџа за подолга коса. Одлична е за топлото време, а одговара и за опуштени излегувања преку ден, и за поелегантни пригоди, комбинирана со вистинските парчиња облека. Еве ги инструкциите.
Соберете ја косата во високо репче и испркајте со лак. Тапирајте додека не се добие посакуваниот волумен на косата. Префрлете го репчето и формирајте пунџа. На крај, зацврстете со шноли. Супер фризура во само неколку едноставни чекори.