Доколку сакате да ги покажете своите минати и идни патувања или пак сакате да ја имате мапата на својот роден град, мапите се апослутен хит за дизајнирање на ентериерите оваа година. Тие ви даваат можност да патувате низ светот, додека седите во својата дневна соба или да земете дел од домот каде и да одите.
За корисниците кои сакаат да патуваат низ времето како и просторот, најдобри се историските карти на светот, но исто така забавни се и корисни, мапите кои ги покажуваат линиите на јавниот превоз.