Неодамна во престолнината на Англија беше презентиран најновиот модел на луксузниот бренд “Rolls Royse”. Првиот впечаток којшто се добива кога ќе се погледне ова возило е дека тоа е всушност од друга галаксија. Должината на “Rolls Roys Vision 100” изнесува 5.9m што всушност одговара на должина на луксузна јахта. Интересен е фактот што во возилото може да претстојуваат само двајца патници.
Отсуството на инстумент-табла не упатува на фактот дека на возилото не му е потребен возач, туку дека комуникацијата со истото патниците ја остваруваат преку аудио команди. Електрониката е направена на тој начин што таа ги памети омилени дестинации, и доволно ќе биде само да се спомене името на омилениот рестора, клуб или театар. Првокласните материјали од коишто е направена внатрешноста на возилото ќе им овозможат на патниците пријатно возење. Погледнете како изгледа сето ова!