Cara Delevingne, британскиот топ модел и глумица, позираше гола во новата кампања за правата на животните во организација на I’m Not a Trophy – која сака да ја крене свеста за загрозените животни низ целиот свет.
Оснивачот Arno Elias, француски уметник кој воедно ја фотографираше Carа за кампањата, бараше моделката да позира гола со слики на животни, кои се проектирани на нејзината кожа. Cara е позната по својата тетоважа со лав на едниот прст (показалецот), а во кампањата можеме да ја видиме со слики на слон, лав, зебра, горила и леопард, на прекрасен уметнички начин.