Неодамна отворениот “M Social Singapore” е авангарден дизајнерски хотел, дело на Philippe Starck. Хотелот се наоѓа во квартот Robertson Quay и има 293 соби.
Украсен со креации на Starck, сите затворени простори се намерно направени различни за да се разликува искуството на секој програм. Пример за тоа е и ресторанот кој намерно е поставен во посебен дел на хотелот и единствено што го врзува со остатокот од хотелот се подните шпански плочки. “M Social е место каде сите елемнти на светот – вклучувајќи ја креативноста, хуморот и љубовта – доаѓаат заедно во експлозија на енергијата, која ја создава радоста на денешниот и идниот свет. За мене тоа е фаза посветена на креативните луѓе“, коментирал Starck.