Првата работа што ќе ја забележите на влезот во овој фантастичен стан е уметничкото дело на “The Unveiling” од ирскиот уметник Conor Harrington.
Овој стан се наоѓа во Сингапур, еклектичен дом со уметност од целиот свет. Многу декорации и уметнички дела, кои му припаѓаат на сопственикот на станот. Внатрешноста на домот може да се опише каприциозна, што по дефиниција му одговара на сопственикот како и на дизајнерското студио кое го уредувало домот.
Просторот со височина од 3,5 метри, забавно е искористен и претворен во необично и забавно поткровје. Забележуваме уметнички слики на шпанската сликарка Пејаца над креветот, перниче со карикиран лик на кралицата Елизабета и биста на Mao Ce-tung.
Се на се, забавен, уметнички и интересен стан!