Летото и официјално започна, а со него и желбата за летни декорации во домот. Време е да ги извадите школките кои сте ги собрале минатиот одмор и да ги искористите креативно. Следете го нашиот предлог во продолжение.
Ретки се оние кои не сакаат свеќички, особено за летните вечери. Свеќите прават романтичен амбиент во секој дел од домот. Еве како да си направите свеќа во школка. Потребни ви се: школки, восок, фитил за свеќи и лепак.
Внимателно поставете ги фитилите во средината на школката. Најдобро е да земете малку подлабоки школки за да може свеќата подолго да гори. Можете и да ги зацврстите со лепак.
Растопете го восокот на ниска температура и поставете го во школките. Оставете восокот убаво да се излади пред да ги запалите свеќите.
Совет: Бидејќи школките имаат неправилна форма, можете да ги поставите во картонска табла за јајца за да си ја олесните работата. Така школките ќе останат на истото место.
Одлична идеја, нели?