Дозволете ни Ви откриеме една навистина интригирачна фотографска серија на Anna Radchenko, наречена „Пријатни лаги“.
Огромната различност меѓу сонот и јавето, трудот да се достигне совршеното, имитација на идеалите.
Ќе забележите огромен слон создаден од нежни кристали, жртва да се постигне идеалот од сликата, да се постигне имитација која лесно би го заменила оригиналот, тука е и огромната печурка која ни е преставена како облак, доминантната бела боја која го симболизира боженствената недопирливост и црвената која не потсетува дека сите сме само луѓе. Наспроти неа, стои црната која стои како оклоп заштитувајќи ја нашата лесна кршливост.
„Пријатни лаги“ е олицетворение на борбата со нашата непобедлива вистинска внатрешна природа, со онаа која ја креираме за да се претставиме себеси пред очите на светот.